ПРОЕКТИ ОД КУЛТУРА (Културно наследство)

https://www.theweaver.info/the-weaver

Ткајачницата

Ткаенини создадени од генерации талентирани национални мајстори


ЗА ПРОЕКТОТ

„Ткајачницата“ е проект кој придонесува за подобрување на капацитетите, стандардите и пристапноста во заштитата на културното ткајачко наследство.

Визијата е презентација и популаризација на културното наследство и заштита на ткаечкиот занает кај нас и во светот.



ИНТЕРВЈУА



АНА ПАЧЕМСКА

Ана Пачемска (претседател на Здружението на жени-ткајачи СЕРАФИМ – Берово) работи со група од 10-20 жени во градот Берово.


ВИДА СТАНЧЕВА

Вида Станчева, ткајачка од Велес. Работи со невладината организација „Разбој“ во пренoсување на традицијата, на следната генерација ткајачи.


ЗДРУЖЕНИЕ „РАЗБОЈ“

Гоце Станчев (претседател на Здружението РАЗБОЈ – Велес) работи во едукација, афирмација, презентација и производство на занаетите (ткајачки, грнчарчарски и столарски производи) меѓу помладите генерации.


ТКАЈАЧКИТЕ МАЈСТОРИ И ПРОДУКТИ


Македонските ткаенини, создадени од генерации талентирани национални мајстори, етаблирани низ вековите, се зачудувачки сведоштво за креативните таленти и уметничката перцепција на луѓето.

Тие се резултат на тврдоглава и долготрајна креативна работа. Во нив се поставени основните естетски принципи, кои се исто така многу релевантни за модерните уметнички текстили.


Со правилниот однос кон нашето екстремно богато текстилно наследство, критичкото користење на принципите и креативната интерпретација, во голема мера зависат и во развојот на нашата современа уметничка култура.




Промоција на македонскиот ткајачки занает „Ткајачницата“

Овој проект е поддржан од Министерството за култура, на Република Северна Македонија.

Ткајачницата

Copyright © *2021*, All rights reserved.